Познато е со кого ќе играат Вардар и Пелистер во групите на СЕХА лигата

Актуелниот македонски ракометен првак „Вардар 1961“ и вицешампионот „Еурофарм Пелистер“ денеска го дознаа составот на групите за новата, 11-та по ред, сезона во регионалната СЕХА лига.

Во сезоната 2021/22 во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум држави поделени во две групи, јавува МИА.

Скопски „Вардар 1961“ е во групата Б заедно со украински „Мотор Запорожје“, „Војводина“ од Србија и „Нексе“ од Хрватска.

Битолски „Пелистер“ ќе игра во групата А заедно со хрватски „ППД“ Загреб, словачки „Татран Прешов“ и „Партизан“ од Србија.

Белоруски „Мешков Брест“ од групата Б и унгарски „Веспрем“ од групата А ќе се приклучат во четвртфиналната фаза.

Раководството на СЕХА лигата дополнително ќе го објави натпреварувачкиот календар за новата сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.