Петков: Македонските Бугари ќе бидат дел од Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред парламентот во Софија реферираше за средбите на двете Влади во Скопје и во Софија и разговорите со македонскиот премиер Димитар Ковачеввски. Петков дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за темите кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите и додаде дека е договорено Бугарите да бидат впишани во Уставот на РС Македонија. За рокот кога тоа ќе се случи, се уште се преговара

-Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучувањето на Бугарите во РСМ во нивниот Устав. Не се обврза на времето. Веќе не зборуваме за пет плус еден, туку за четири плус еден. Тоа само по себе е напредок.
Ковачевски сподели дека Бугарите ќе влезат во Уставот како Албанците. Во моментов разговараме за рокот и ова е дел од дискусиите. Тоа ќе биде факт и Бугарите во РСМ ќе имаат еднакви права, додаде тој.

Само впишување на Бугарите во Уставот на соседната земја, според Петков, сепак нема да биде само по себе доволно.
„Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признаено преку измени на нивниот устав, но тоа нема да биде доволно. Поважно е во текот на преговорите за членство во ЕУ секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да биде разбиена во текот на овој процес и елиминирана“, додаде Петков.

Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.

-Организиравме календар за состаноци на секои 7 дена. Ме радува што дури и историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели“, рече Петков.

Тој додаде дека 3а 4 февруари се подготвува заедничкочествување за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.