70-годишна двојка од Британија на крстарење тргнала со 9 килограми кокаин

Португалскиот суд ја осуди постарата британска двојка Кларк поради трговија со дрога, откако полицијата ги уапси на крстарење со 9 килограми кокаин скриен во куфери.

Како што се наведува, судот го осуди Роџер Кларк и неговата сопруга Сју на 8 години затвор.

Нивната адвокатка најави жалба, пренесува АП.

Двојката, како што се наведува, на суд рекла дека ги насамарил некој тип од Јамајка кој им рекол да ги земат куферите.

Полицијата ја уапси брачната двојка минатиот декември, откако ја пребарале кабината на нивниот брод за крстарење кој после Карибите стигнал во Европа и се укотвил во Лисабон.

Тие рекоа дека во четири куфери нашле кокаин со улична вредност од околу 300.000 евра.