70 килограми кокаин откриени во контејнер со банани во Грција

Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рендген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Контејнерот што пристигнал од Јужна Америка, а бил наменет за земја од Западен Балкан, пријавил дека пренесува банани, но било одлучено рендгенски да се провери.

Откако системот открил сомнителен материјал, бил извршен и физички преглед со помош на кучето трагач Аксел и биле пронајдени 60 пакети кокаин, со вкупна тежина од 70,5 килограми.

Дрогата била внимателно скриени во контејнерот, во машините за ладење.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.