Украинскиот министер ги предупреди преговарачите: Не јадете, не пијте и не допирајте ништо

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, им порача на украинските преговарачи да не јадат ни пијат ништо додека се на преговори со Русија, затоа што Роман Абрамович наводно е отруен.

Вчера медиумите објавија дека Абрамович развил симптоми на труење по патувањето во Киев.

-Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте да допирате каква било површина. Тоа е од прва рака.

Второ, сите тие приказни – некој слушнал нешто некаде, некои извори – сега ги има многу, затоа што сите се жедни за вести, сензација изјави Кулеба, а пренесува „Скај њуз“.

Во Истанбул тденеска треба да се одржи нова рунда преговори, прва во последните две недели. Украинската делегација синоќа пристигна во Истанбул, на мировни преговори со нивните руски колеги.

Делегацијата е предводена од украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, како и Михајло Подољак, шефот на кабинетот на претседателот.

Тие велат дека нивниот главен приоритет е да се обезбеди прекин на огнот, иако не се сигурни дека тоа е можно.

Средбата треба да почне во вторник во 10:00 часот по локално време (07:00 GMT).

Едно од барањата на Русија е Украина да се откаже од обидот да стане членка на НАТО, што е прашање за кое украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен на компромис.