Штутгарт избори опстанок во 92. минута во Бундеслигата (ВИДЕО)

Штутгарт со гол во 92. минута го победи Келн со 2-1 и избори опстанок во последното коло од Бундеслигата, а за тоа вина има и Борусија Дортмунд која со истиот резултат ја совлада Херта.

На Штутгарт му беше потребна победа во последното коло, но и пораз на Херта. Токму тоа се случи и тоа на многу возбудлив начин.

Штутгарт имаше водство со гол на Калајџиќ во 12. минута, но Келн преку Модесте во 60. израмни на 1-1.

Сепак во 92. минута по една мешаница од корнер, Ендо даде гол за победа на Штутгарт од 2-1.

Во Дортмунд, Херта водеше со 1-0 од 18. минута со гол на Белфодил. Сепак, Халанд во 68. минута и Моукоко во 84. минута погодија за победа на Борусија.
Штутгарт останува во Бундеслигата, а Херта ќе игра бараж со третиот од втората лига.
Ова е добра вест и за нашиот Чурлинов кој е член на Штутгарт, но оваа сезона играше на позајмица со Шалке со кој избори враќање во Бундеслигата.
Чурлинов сака да остане во Шалке, но за тоа се прашува Штутгарт, па Македонецот за кој и да игра од овие два тима, ќе игра во Бундеслигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.