Измените на Уставот в понеделник пред собраниските комисии

Седумте нацртамандмaни за измена на Уставот и ребалансот на Буџетот в понеделник ќе се најдат пред пред собраниските комисии.

За 25 август претседателот на  Собранието Трајко Вељаноски ја закажа седницата на Комисијата за уставни прашања, на која треба да се изгласаат предложените нацрт – амандмани.

Собранието, пак, за нив треба да се изјасни две дена подоцна, а откако ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дисксуијата. Целата постапка за носење на уставните амандмани се очекува да зацврши до крајот на октомври.

Со нацрт – амандман се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница.

Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата. Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор.

Ќе се менува името на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија со еден од амандманот.

Во однос на Државниот завод за ревизија, со нацрт-амандманот се предлага тој да биде независен државен орган, а оти неговиот прв човек го избира Собранието.

Петтиот нацрт-амандман се однесува на формирање на финсиска зона, а со шестиот Владата ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП.

Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.