Путин му оддаде почит на Горбачов, но нема да оди на погреб

Рускиот претседател Владимир Путин нема да отиде на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов в сабота, 3 септември. Заминувањето на Горбачов предизвика огромно внимание во светот и општ респект за неговата улога во ослободувањето на цврстите стеги на советското општество.

Путин имал други договорени обврски тој ден, соопшти денеска неговиот прес-секретар Дмитриј Песков. Путин денеска отишол во Централната клиничка болница во Москва за да се прости од Горбачов пред да полета за Калининград.

„Знаеме дека прошталната церемонија ќе се одржи на 3 септември, на погребот. Но, за жал, работниот распоред на претседателот нема да му дозволи да го стори тоа на 3 септември, па тој одлучи да го направи тоа денес“, рече Песков, цитиран од Интерфакс.

Песков, исто така, рече дека прошталната церемонија на претседателот ќе вклучува „елементи на државен погреб“.

„Ќе има елементи на државен погреб во смисла дека ќе има почесна стража. Тука државата ќе помогне во организирањето на овие погреби“, рече Песков.

Претседателскиот портпарол не објасни како статусот на церемонијата ќе се разликува од формалниот државен погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.