(ВИДЕО) Се урна хеликоптер на Хималаите – шест лица загинаа

ФОТО: TWITTER/@NETAJI_VK

Шест лица, меѓу кои двајца членови на екипажот, загинаа во хеликоптерска несреќа на индиските Хималаи, соопшти денеска локалната полиција.

Според нив, се уште не е позната причината за падот на леталото, кое превезувало хинду аџии од храмот Кадарнат, пренесува Ројтерс.

Официјални лица велат дека хеликоптерот, кој летал во магливо време, припаѓа на приватна компанија, пренесува АП.

Аџиите биле во посета на храмот Кедарнат, посветен на хинду богот Шива, во областа Рудрапрајаг во државата Утараханд.