„8 Септември“ целосно исполнета со ковид пациенти – се чува едно или две слободни места за најтешки случаи

Слободни кревети за хоспитализација во Градската општа болница „8-ми септември“ во Скопје нема.

„Од 80 кревети, 79 се веќе пополнети со пациенти. Секогаш оставаме едно или две слободни места за најтешко болните од Ковид- 19. Од синоќа до утрово извршивме исто така 80 прегледи на пациенти кои се жалеа на симптоми од корона вирус“, вели директорот на 8-ми септември Костов за Телма.

Пред неколку денови, епидемиологот д-р Жарко Караџовски најави дека „8-ми септември“ повторно ќе биде ковид центар.

Поради пополнетите капацитети на Инфективната клиника, и на модуларната болница, во ковид центар беа претворени и неколку оддели од Клинка.