„8 Септември“ пред колапс, Фoндот за здавство им должи пари за 13.000 пациенти лекувани со Ковид-1

Градската општа болница „8 Септември“, која функционираше како главнен ковид-центар за Македонија, е пред целосен финансиски колапс, бидејќи 6 месеци за пациентите од коронавирус сама набавувала скапи терапии со антибитоци, правела илајдници снимки, а сега не е во можност да ги набави ниту основите материјали за нормално функционирање. Иако скопската болница направила 12.000 прегледи на болни од ковид-19, а бележи и над 2.000 излекувани и починати пациенти, од државата не добила ниту денар. Прв за проблемите со борбата со пандемијата и финансиката криза на болничките центри за „Телма“ проговори директорот на 8-септември Христијан Костов

Болницата имала финански годишен план, но непланирата експанијза на пандемијата го изела буџетот. Приморан, Костов ја отвори болницата за редовни пациенти кои подлежат на партиципација за да оствари приходи додека чека финансиска помош од државата.

Ниту еден пациент со детектиран коронавирус не платил ниту денар од свој џеб, а товарот ќе го сноси здравството, иако минситерот Венко Филипче не е запознаен дека најголемиот ковид-центар е во финансика криза.

Од Фондот за здравство експресно реагираат на изјавите на директорот Костов дека болницата рапсолага секој месец со најмалку 100 милиони денари, кои во претходните месеци биле трошени за потребите на ковид-пациентите. Зголемување на буџетот на болницата ќе има.

-Фондот го следи работењето на јавните здравствени установи и кај секоја кај која ќе детектираме зголемен обем на работа го менуваме буџетот и им го зголемуваме договорениот надоместок, велат од ФЗОМ за „Телма“.

Каква е состојбата во финaнските оддели на остантите болници ширум земјата сè уште нема точна слика, бидејќи директорите молчат. Владата најави дека здравството ќе добие финаснсика инекција, но тоа се подготвува со најаваниот ребаланс на буџетот.