80.000 евра награда за репрезентацијата по победата над Словенија

Репрезентативците и стручниот штаб ќе добијат 80.000 евра како награда од страна на ФФМ за победата над Словенија. Одличен потег на раководството на Фудбалската Федерација, се разбира дека за оваа радост и фудбалска еуфорија се заслужни сите, сите момци долу на теренот ја заслужија оваа награда. Инаку оваа сума им беше ветена пред натпреварот. Само да победуваме и понатаму, а премиите и наградите ќе си дојдат.