81 нови случаи на ковид-19, нема починати

101

Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има 27 новозаразени, во Тетово 25, Куманово 9, Гостивар 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по двајца и по еден во Битола, Струмица, Струга, Берово и во Валандово, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Не се регистрирани починати пациенти, а 12 пациенти се оздравени.

Направени се 5.315 тестови преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово–32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-261, Биотек-181, Систина-84, лабораторија Лаор-572, Синлаб-78, Ремедика-21, Плодност–55, Генеа–4, Никоб лаб-1.170, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.387.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.