(ВИДЕО) Георгиевски: Има индиции дека Груевски соработувал со власта! Но, што има лошо во тоа?!

Според Љубчо Георгиевски има индиции дека Никола Груевски соработувал со власта, а тој повторува дека сѐ што Груевски му направил на Георгиевски, истото му се случува сега и на него.

Во денешното гостување на „Златев поткаст“ дискутираме за тековните актуелности по преписките на релација Мицкоски – Груевски, но и за другите жестоки политички прашања се огласи Љубчо Георгиевски.

Во голема мера сега се склучуваат истите работи како што се случуваа меѓу мене и Груевски. Се што ми направи тој на мене сега му се случува и на него, вели Љубчо Георгиевски.

На прашањето дали Груевски соработува со власта Георгиевски категорично вели дека има индиции меѓу нив.

Не можам до крај да го изградам мислењето дали Груевски соработува со власта, меѓутоа има некои индиции. Има некои индиции според лидерите на СДСМ кои јавно или во затворени седници каде велат: Не се секирајте во средната на октомври ќе бидат изгласани уставните измени“. Нешто слично кажа и Ахмети во своето интервју каде имаше некоја сигурност дека тие промени ќе бидат изгласани. ВМРО-ДПМНЕ од друга страна пак, велат дека за овие соработки имаат докази.

Љубчо Георгиевски смета дека релативно безболно за Македонија е да се внесат Бугарите во нашиот Устав, а открива и кои работи би ги сменил тој во преговорите со Бугарија. Тој смета дека на следните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но пред нив стојат две крупни прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.