89 новозаразени со коронавирус, а седум лица починаа

Седуммина пациенти заболени од ковид-19 починале во изминатото деноноќие во земјата.

Ова е најголемиот број починати од почетокот на епидемијата со корона вирусот во нашата земја, на 26. февруари, кога е регистриран првиот инфициран – патничката која се врати од Италија, а во Македонија влезе на граничниот премин Табановце.

Бројката на новозаболени е алармантно висока и изнесува 89 лица.

Денеска се очекува да бидат предложени нови мерки од Комисијата за заразни болести до Кризниот штаб на Владата.
Во 15 часот министерот за здравство, Венко Филипче ќе одржи прес конференција.

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

•       Скопје – 876, активни 298
•       Куманово – 467, активни 55
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип – 103, активни 68
•       Прилеп –212, активни 30
•       Тетово – 217, активни 83
•       Струга – 84, активни 13
•       Велес – 130, активни 27
•       Битола –28, активни 3
•       Охрид –23, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –27, активни 7
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 4, активни 2
•       Крива Паланка- 6, активни 0
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 37, активни 6
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 3, активни 1
•       Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 0
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -2, активни 1
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 0
•       Берово-1, активни 0
•       Свети Николе-2, активни 2.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117  и МАНУ -102.  Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.