9-ти Мај – меѓу „демократијата“ и „диктатурата“

484
страшо ангеловски
Во денешниов текст ќе поместам само цитати од „демократи“, од „диктатори“ и од „оние што останаа живи“. Читателите сами ќе просудат. Освен, се разбира, оние со испрани мозоци.

РЕКОА ВО “ДЕМОКРАТИЈАТА“
(неколку од илјадниците, по случаен избор)

– Џо Бајден, актуелен претседател на САД: “Предложив бомбардирање на Белград. Предложив американските пилоти да одат таму и да ги уништат сите мостови на Дрина.“ (За НАТО агресијата врз СРЈ во 1999 година, во Сенатот на САД)
– Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД: “Смртта на децата на други народи е едноставно цената за создавање империја“ и “која е поентата на имање супериорна војска, за која цело време зборуваме, ако не можеме да ја користиме.“ (Интервју во 1996 година во врска со американската агресија врз Ирак)
– Мајкл Гленон, професор по меѓународно право на Факултетот за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс во САД: “Целата конструкција на меѓународното право е празна работа и, величествениот обид правото на силата да биде потчинето на правото на законот, треба да се најде на ѓубриштето на историјата.“ (За меѓународното право и меѓународниот поредок)
-Папата Мартин во 1429 година во писмо до полскиот цар: “Знај дека интересите на светата столица и твојата круна се твоја должност да ги истребиш Хуситите (следбеници на Јан Хус)… Додека уште има време сврти ги своите сили против Бохемија, пали, масакрирај, насекаде создавај пустина…“
– Ален Ришо, француски историчар, во своето дело “Историја на колонизацијата“: “Цел на секоја политичка акција во колониите треба да биде препознавање и искористување на употребливите локални елементи и, неутрализирање и уништување на оние елементи кои не може да се употребат.“
– Карлес Пучдемон, лидерот на Каталонија, кој беше сменет и обвинет откако после успешен референдум прогласи независност на Каталонија, во Брисел, во 2017 година: “Ќе останам овде со цел да му го објаснам на светот недостигот од демократија во шпанската држава“.
– Џулијан Пол Асанж, заради објавени стотици документи во кои, спротивно на официјалните тврдења на американската администрација, ги разобличува војните во Ирак и Авганистан, се наоѓа во затвор во Велика Британија, а, според “гарантираната слобода на говор“ во “демократска Америка“ се соочува со казна затвор од 175 години: “Способни, великодушни мажи не создаваат жртви, ги негуваат жртвите“. (За американската надворешна политика)
– Легендарен цитат од филмот “Коса“ на Милош Форман: “Демократија е кога белиот човек го испраќа црниот човек да убие жолт човек, 20.000 километри од својот дом, со тврдење дека ја штити безбедноста на својата земја, што ја украде од црвениот човек“ (за војната во Виетнам)

РЕКОА ВО “ДИКТАТУРАТА“

– Сергеј Есенин, руски лирски поет, еден од најголемите: “Што да кажам за ова најужасно царство на малограѓанштина што се граничи со идиотизам. Освен фокстрот овде речиси нема ништо, овде се прејадуваат и пијат и, повторно фокстрот. Овде сѐ уште не сретнав човек и не знам каде да го најдам. Во најголема мода е господинот Долар… Овде, на Западот, заради интерес, душата лицемерно ја продаваат за долар, или, како нешто непотребно ја менуваат за бездушност. И, нека бидеме ние сиромашни, нека не притиска глад и студ… но затоа, имаме душа која не е на продажба“. (Во 1922 година во Америка)
– Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација, до официјална Атина: “Со години вршите терор врз Македонците и Македонија, сега нас ќе не’ учите на демократија. Атина не е земја на човекови права затоа што самата не ги почитува, посебно во односот со Македонците кои се обесправени и дискриминирани во делот под окупација на Атина, каде што се ендопи, т. е. автохтон народ. Освен тоа, Атина ја тероризира Република Македонија и нејзиното население до тој степен што ја принуди да си го смени и сопственото име во понижувачки договор кој ги репресира Македонците во сопствената земја до степен на угнетување и суспензија на елементарни човекови права!!!“
– Џанг Џун, постојан претставник на Кина во ОН: “Спротивно на декларираната одбрамбена суштина, НАТО намерно започнува војни против суверени држави, предизвикувајќи огромни загуби меѓу населението и хуманитарни катастрофи… Проширувањето на НАТО на исток по Студената војна не само што не успеа да ја обезбеди Европа туку и го посеа семето на конфликтот“.

РЕКОА И, ОСТАНАА ЖИВИ

– Мајкл Мекфаул, накогашен американски амбасадор во Москва: “Путин е ѓаволски диктатор. Зеленски е добар демократ. Кога ја анализирате оваа војна, ве молам, не ги заборавајте овие факти“ (сеопфатна и длабока анализа на случувањата во Украина) – Едгар Ринкевичс, министер за надворешни работи на Латвија: “Каде што е НАТО има мир, каде што е Русија има војна – ова е за оние што мислат дека проширувањето на Алијансата е грешка“. (во врска со руските агресии врз Ирак, Либија, Сирија, СР Југославија)
– Зоран Заев: “…9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чива победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?“ ( “О писменех“ – пред ова и Црноризец Храбар би ја изгубил храброста) Откако ќе го прочитате ова, ви останува само уште Бујар Османи, за да се определите. – Бујар Османи: “Мора да се одлучиме, или ќе сме со демократските лидери или со диктаторите“.(изјавено пред неколку дена и, уште е жив).
Нека ние честит и вековит 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот!!!
Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.