90 илјади ученици немаат опрема пред првиот ден во учебната година, средношколците со ултиматум и најава за бојкот на наставата

120

Не 40,туку 90 илјади ученици утре нема да ја започнат учебната година поради тоа што немаат лаптопи и компјутери, а наставата треба да ја следат на дистанца. Овие податоци ги соопштија од Унијата на средношколци кои поставија и ултиматум. Велат дека доколку од ноември ситуацијата со Ковид-19 се смири, учениците да се вратат постепено во школските клупи, во спротивно најавија радикализација доколку пропадне учебната година.

„Информациите покажуваат дека имаме над 80 или 90 илјади ученици кои нема да можат да следат настава бидејќи немаат лаптопи. Да не дојдеме во ситуација да пропадне школската година, и во тој момент, еве кажувам како лидер на учениците, ќе има радикализација од страна на учениците.“, вели Бленди Ходаи.

Но образовните власти сметаат дека немаат одговорност доколку на платформата се појави повторно ЕРОР и има прекин на наставата. Велат дека не може да зборуваме за пропадната школска година, бидејќи оценуваат дека ако ништо друго, од пандемијата улениците и наставниците научиле да се вклучат и исклучат од платформата.

Во меѓувреме, креирачите на платформата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, велат дека преоптовареноста на платформата нема да претставува проблем за наставниот процес.

Царовска ги коментираше и најавите дека утре ќе има бојкот на онлајн наставата. Според неа, родителите треба да ја разберат ситуацијата и да ги почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести.
Инаку Царовска најави дека ја разгледува можноста за субвенционирање за родителите чии деца немаат опрема за следење онлајн настава. Предложи дека за оваа мерка учениците да се информираат од каналите на Македонската телевизија и да се координираат со наставниците за да им го испратат материјалот дома.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.