21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

97 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 62 од нив

Од вчера на целата територија на државата започна да се применува ограничување на движењето во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

Во текот на изминатото деноноќие:

◾ Вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување.

◾ Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 52 кривични пријави за 65 сторители и 17 известувања.
За 65 лица издадени се решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

◾ Додека пак, од страна на Секторот за секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика регистирани се 2 настани поврзани со говор на омраза и за истите поднесени се известувања до ОЈО.

✋ Апелирам до граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, а воедно благодарен сум на полициските службеници за посветеноста во извршување на работните задачи и обврски.