„Тато се’ уште е со нас, силен, храбар… Во недостиг на подобри зборови… дури и на ’смртна постела’ тој не’ подучува на трпение, љубов, толеранција“, изјави ќерката на поранешниот претседател на Јужна Африка.
„Секој момент кој го поминувам со него сум воодушевена. Понекогаш постојат моменти кога морам да се утешам дека сум дел од овој човек кој е борец иако може да го видите дека се мачи, но борбениот дух се’ уште е во него“, додала таа.
Деведесет и петгодишниот Мендела се наоѓа во својата куќа во предградие на Јоханесбург, а неговата состојба и понатаму е критично, но стабилно.