Репрезентацијата на Канада го освои златниот медал на Светското првенство во хокеј на мраз што синоќа заврши во Чешка.
Во финалето Канада оствари висока победа од 6:1 (1:0, 3:0, 2:1) над Русија. За Канада златниот медал е всушност 25-та титула светски првак, а прва по 2007 година.
Во натпреварот за бронзениот медал САД го победија домаќинот Чешка со 3:0.
Признанието МВП на шампионатот му припадна на Јаромир Јагр (Чешка), најдобар голман е Пека Рине (Финска), најдобар одбрамбен играч Брент Барнс (Канада) и најдобар напаѓач Џејсон Спеца (Канада).