Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе склучи договори со 134 млади лица кои сакаат да почнат земјоделска дејност.
Договорите чие склучување е во тек, се со вкупна вредност од 75 милиони денари.
Како што соопшти Агенцијата, на годинашниот прв јавен повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој кој траеше од 28 февруари до 31 март 2015, за мерката 112 – Помош на млади земјоделци за почнување со земјоделска дејност беа доставени 198 барања.