Заев ниту сакаше да постигне договор, ниту пак дојде до тоа, затоа што тој не дојде да се договори. Ова синоќа по 12 часовните неуспешни преговори во Брисел меѓу еврокомесарот Јоханес Хан и четворицата лидери го истакна премиерот Никола Груевски.
-Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека ќе го доживее најголемиот пораз СДСМ досега. Ни договор сака да постигне, ниту избори сака да има, истакна Груевски.
Премиерот додаде дека атмосферата која Заев ја градел изминативе денови укажувала дека тој не сака да постигне договор.
-Брифинзите што ги пуштаа, интервјуата што ги даваше укажуваа дека ќе оди на таква варијанта за да не дојде до договор. Затоа што ако дојде до договор, тој треба да се појави на избори, пред народот,посочи Груевски.
Имено по завршување на преговорите еврокомесарот Хан на Твитер напиша дека истите не успеале поради недостаток на лидерство и одговорност.