Деветнаесетгодишен штипјанец заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин.
Како што информираат од МВР, пријавениот на 10-ти, 12-ти и 13- ти овој месец на три локаци во Штип на дрзок начин на две лица од вратот им ги скинал и одзел златните ланчиња, додека на третото лице од џебот од кошулата му одзел 6.600 денари.