Напнатите односи помеѓу Русија и САД влегуваат во нова фаза, Русија планира да испита дали навистина Американците стапнале на Месечината.
Владимир Маркин, портпарол на Истражниот комитет на руската влада, за рускиот весник „Известија“ нагласува дека оваа истрага би можела да пружа нов увид во историските патувања во вселената, пренесуваат српските медиуми.
Според наводите на руските медиуми Маркин ќе спроведе истрага во врска со исчезнувањето на оригиналната видео снимка од првото слетување на Месечината во 1969 година, како и на камењата што на Земјата биле донесени во текот на неколку различни мисии.
– Не сакаме да кажеме дека тие не слетале на Месечината и дека смо направиле филм за тоа. Едноставно, сите овие научни, а би можело да се рече и културни артефакти се дел од човековото наследство и нивното исчезнување без траг за нас би претставувало голема загуба, вели Маркин.
Инаку, НАСА веќе призна дека заедно со 200.000 други снимки ги избришала и снимките од слетрувањето на Месечината за да заштеди голем број финансиски сретства, пишува Ројтерс.
Но, во меѓувреме преземала копии одс снимката од голем број други извори. Благодарение на реставрацијата, квалитетот на овие снимки е многу подобар од квалитетот на првобитбите видео –записи.
НАСА исто така истакнува дека камењата од тлото на Месечината се прилично единствени.