Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да и помогне на Грција доколку земјата тоа го побара од него, изјави директорот на Фондот Кристин Лагард, објави МИА.
Таа во кусо соопштение нагласи дека ММФ внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да и помогне на Грција само доколку до Фондот биде испратено такво барање.