Кличко: Јанукович не сака да се стави крај на кризата

Лидерот на украинската опозициска партија УДАР, Виталиј Кличко, вели дека по средбата со претседателот Виктор Јанукович не забележал дека тој сака да се реши политичката криза во земјата.

„Претседателот се оддалечува од акцијата, што значи дека не сака реално решавање на кризата“, рекол Кличко.

Тој рекол дека било отворено прашањето за итна промена на Уставот, што значително ќе ја „намали температурата“ во општеството.

„Тој одговори дека се’ треба да помине во правни рамки и дека процесот на промена на Уставот може да трае и до пола година“, рекол Кличко.