Колкава ли е платата на хаусмајсторот во општина Центар, сега раководител на инспекциската служба, ако со неа успеал да го купи ова бесно Ауди модел А5, прашува порталот „Пресс24“.
Читатели, кои ни ги испратија овие фотографии велат дека Стојчевски на работа доаѓа со овој автомобил, според официјалниот ценовник, вреден најмалку 38.000 евра во основна верзија.
Станува збор за супер луксузно возило, од гамата на Ауди, која очигледно е омилена во СДСМ. Ауди но А8 вози Зоран Заев, а А3 модел има портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој според официјалната документација за себе плаќа придонеси на минималец.
Ова е ценовникот на моделот Ауди А5 и може да се забележи дека моделите со спортски мотори достигнуваат цена над 70.000 евра.
Кочо Стојчевски стана познат во јавноста како првиот хаусмајстор што преку ноќ стана главен инспектор во општина Центар. Тој вршел инспекциски работи и во времето додека официјално бил вработен како хаусмајстор што го покажаа и серија документи.
Жерновски молчи за овој скандал иако останува сериозен простор Стојчевски да биде кривично гонет за лажно претставување, ако се има предвид дека решението со кое се прераспределува на местото раководител на инспекциските служби го добил на 30 декември, а месеци претходно тој издавал решенија и работел како инспектор иако официјално, имал задача да менува светилки во општинските канцеларии.