Девојче-бомбаш изврши напад во Камерун

Дваесет лица загинаа, а 79 се ранети откако девојче-бомбаш изврши напад во Камерун. Нападот се случил во градот Маруа, пренесува АФП.

Телевизијата соопшти дека нападот го извршила тинејџерка што активирала бомба во бар во работничката област на градот, кој во средата беше цел на два крвави напади веројатно извршени од нигериската исламистичка група Боко Харам.

Девојче од околу дванаесет години активираше експлозив во еден бар во близина на таканаречениот зелен мост. Безбедносните сили ја блокираа областа и уапсија неколку лице, јави телевизијата.

Барот бил преполн со луѓе во моментот кога ова девојче-бомбаш изврши напад.

Маруа, во минатото динамичен трговски град со мнозинско муслиманско население, сега живее во страв и е под силен полициски надзор откако во средата две девојчиња-самоубијци убија 13 лица на главниот пазар и во населба блиску до него.

Девојче – бомбаш изврши напад и во Нигерија

Инаку, во последно време светската јавност е сведок дека во светот се почето девојчиња- бомбаши извршуваат напади на повеќе места во светот.

Девојче бомбаш-самоубиец пред еден месец изврши напад во северна Нигерија, при што уби 16 лица.

Атентаторот самоубиец, девојче на 12-годишна возраст, ја активира бомбата на пазарот во селото Вагир, во државата Јобе, објасни општински претставник.

Десетгодишното девојче на пазарот пристигнало со моторцикл, по што пеш отишло до најголемата толпа луѓе, каде ја активирало бомбата.