Во два дена 3.500 мигранти се обиделе да го преминат Евротунелот (видео)

Само во последните два дена, 3.500 мигранти се обиделе да го преминат Евротунелот, тунелот што ги поврзува Франција и Велика Британија и поминува под Ламанш. Опасен потфат што го парализираше сообраќајот и резултира со најмалку еден смртен случај, велат властите, пренесува Си Ен Ен.

Пронајден труп во Евротунелот

Во вторникот вечерта, 1.500 емигранти се обиделе да влезат во тунелот под Ламанш, изјави операторот Евротунел. Тимовите во Евротунелот пронајдоа труп, а француската државна радио соопшти е телото на еден судански мигрант.

И во текот на ноќта во понеделникот, 2.000 емигранти се обиделе да влезат во и да го преминат Евротунелот преку францускиот терминал во близина на Кале, соопшти Евротунел.

– Некои од овие мигранти беа повредени. Француските власти и персоналот Евротунел беа во можност да влезат во тунелот и да интервенираат, соопшти портпаролката на Евротунел Франција Сесил Карерас. Француските власти и персоналот Евротунел беа во можност да влезат во тунелот и да интервенираат.

Во Евротунелот досега загинале 37. 000 мигранти

Кале одамна е збиралиште за мигранти што се обидуваат да најдaт начин за да стигнат во Велика Британија. Само оваа година, во Евротунел загинаа 37.000 мигранти кои се обиделе преку него да ја преминат границата, соопшти операторот.

Кале одамна е збиралиште за мигранти што се обидуваат да најдaт начин за да стигнат во Велика Британија.
Кале одамна е збиралиште за мигранти што се обидуваат да најдaт начин за да стигнат во Велика Британија.

Инаку, стотици мигранти кои сакаат да влезат во Велика Британија веќе трет ден по ред се собираат во францускиот град Кале пред оградата на товарниот терминал од Евротунелот, кој ги поврзува Франција и Англија.

На терминалот синоќа биле испратени уште 120 француски полицајци, додека истовремено британски пратеници бараат од Владата во Лондон да преземе мерки за ублажување на мигрантската криза.