Секој петти имигрант во Русија е носител на вирусна инфекција – туберколоза, сифилис, хепатит, СИДА, се вели во анализи на Министерството за здравство.
Според Независимаја газета, бројот на имигрантите е речиси 15 милиони и меѓу нив има најмалку три милиони преносители на вирусни инфекции, објави МИА.
Имигрантите од Средна Азија (најбројни) не може да се лекуваат во Русија бидејќи според руските закони тие треба да плаќаат за здравствена услуга.
Политикологот Михаил Ремизов во изјава за весникот вели дека проблемот со болестите меѓу имигрантите во Русија е голем и се должи на слабата контрола на државата.
Од Таџикистан, Казахстан и Киргистан се договорија да се изготват специјални медицински документи за секоја имигрант или да бидат со исти права како и руските бездомници. Луѓе од ЗНД со трауматски повреди или тешки заболувања може да бидат примени во болница бесплатно најмногу три дена, наведува весникот.
ЕУ не постигна договор за прашањето со емигрантите
Министрите за внатрешни работи на Европската унија не успеаја да постигнат договор за прашањето за десетиците илјади мигранти кои секоја година се обидуваат да влезат во Европа преку Средоземното Море.
Италија побара и други држави рамномерно да преземат товар за мигрантите. Разговорите за тоа лидерите во ЕУ ќе ги продолжат на 25 и 26 јуни.
Денеска постигнавме напредок, но далеку сме од договор. Зборовите не се доволни, изјави Димитрис Аврамопулос, комесар на ЕУ задолжен за миграции.
Министрите не донесоа одлука да се спроведе предлог на ЕК за квоти за разместување 40.000 баратели на азил кои се во Европа и да се преместат 20.000 Сиријци кои живеат во кампови вон Европа.
На Табановце поставени два монтажни објекти за мигрантите
Два од вкупно шест монтажни објекти денес беа поставени Железничката станица Табановце, пренесе МИА.
Монтажните објекти се наменети за престој на мигрантите кои се задржуваат на Железничката станица при нивното натамошно патување од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кон Србија и според нивните кажувања, кон нивната крајна дестинација, земјите од Западна Европа. Поставувањето монтажни објекти се спроведува во соработка со УНХЦР.
Поставувањето на монтажните објекти го спроведуваат наши активисти. Се надеваме дека најдоцна до понеделник ќе бидат поставени сите монтажни објекти, вкупно шест кои ќе обезбедат пристоен престој за мигрантите кои во утринските и вечерните часови пристигнуваат на станицата, изјави секретарот на општинската организација, Иле Митковски.