Лондонскиот весник „Инденпендент“ објави дека грчката полиција повеќе од 24 часа држи над илјада мигранти затворени на фудбалски стадион на островот Кос. Десетици мигранти доживеале напади на паника.
Весникот наведува дека околу 1.000 мажи, жени и деца, кои со бродови од Турција пристигнале на осторовот, се држат затворени на стадионот без храна и вода, додавајаќи дека состојбата алармантно се влошува.
Претставник на органзиацијата „Лекари без граници“ соопшти дека најмалку 28 од затворените имигранти на стадионот доживеале напади на паника, откако грчката полиција врз нив фрлила шок бомби со заслепувачки светлосни ефекти и заглушувачки експлозии.
Околу 20 имигранти паднале во бесознание поради прегладентост, дехидрираност и премор, на темпертаура од 33 степени Целзиусови, тврди „Индепендент“.
Според весникот, стотина мигранти се обиделе да го прескокнат ѕидот на стадионот, при што еден од нив паднал и ја повредил ногата.
Тоа што во моментов се случува претставува целосна диспрпорција меѓу определбата за безбедност на овие луѓе и недостигот на хуманитарна помош која им е неопходна. Има само два тоалети, нема вода… Состојбата е навистина драматична, изјави Вангелис Органудакис од организацијата „Лекари без граници“.
Организацијата соопшти дека грчки полициајци претепале најмалку шестмина имигранти.
Пред да бидат затворени на стадионот, имигрантите со денови „кампуваа“ долж патиштата и на плажите на Кос, наведува „Индепендент“.
Монтажни објекти за мигранти поставени на Табановце
Два од вкупно шест монтажни објекти денес беа поставени Железничката станица Табановце, пренесе МИА.
Монтажните објекти се наменети за престој на мигрантите кои се задржуваат на Железничката станица при нивното натамошно патување од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кон Србија и според нивните кажувања, кон нивната крајна дестинација, земјите од Западна Европа. Поставувањето монтажни објекти се спроведува во соработка со УНХЦР.
Поставувањето на монтажните објекти го спроведуваат наши активисти. Се надеваме дека најдоцна до понеделник ќе бидат поставени сите монтажни објекти, вкупно шест кои ќе обезбедат пристоен престој за мигрантите кои во утринските и вечерните часови пристигнуваат на станицата, изјави секретарот на општинската организација, Иле Митковски.
Од понеделник, пак, најави Митковски, ќе бидат поставени десет тоалети, како и чешми.
На овој начин на мигрантите им се обезбедуваат пристојни услови за неколкучасовното задржување на станицата наТабановце, додаде Митковски.
Само во текот на завчерашниот ден биле издадени 614 потврди за барање азил на мигранти во земјава.