Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20 септември.
Во телевизико обраќање Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат, а потоа му ја предаде својата оставка на претседателот Прокопис Павлопулос.
Актуелниот Парламент не може да понуди мнозинска влада или влада на национално единство, му рече Ципрас на Павлопулос.
Ние не постигнавме договор каков што сакавме, но тоа беше најдобро во овие околности.
Ние сме должни да го исполниме договорот, но ние ќе се бориме да се ублажат неповолните последици.Јас ќе барам од грчкиот народ да се произнесе и да ја продолжиме нашата владина програма, изјавил Ципрас.
Премиерот побара од претседателот да иницира постапка за предвремени избори и да се формира привремена влада.
Прочитајте:
Ципрас со повик до пратениците да го одобрат економскиот пакет
ФОТО: Ципрас се плаши од неа, а не од Меркел