Петерле го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Петерле: И благодарам на Македонија за справувањето со бегалците

Европратеникот и копретседавачот на Мешовитиот парламетарен комитет Република Македонија – Европска Унија Алојз Петерле го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието.

Го поздравувам враќањето на најголемата македонска опозициска партија во Собранието и ова е еден од клучните чекори во нормализирањето на политичката ситуација во земјата базирано на договорот на главните политички партии, рече Петерле.

Петерле вели дека целосната ревитализација на работата на парламентот ќе ги врати политичките одлуки во соодветен институционален контекст, со што ќе заврши неколкумесечниот политички ќорсокак и ќе се овозможи напредокот за клучните политички прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на земјата.

Исто така би сакал да ги потсетам политичките лидери дека треба да го почитуваат политичкиот договор постигнат во јули и целосно да ги почитуваат расположливите институционални рамки. Конечно, повторното воспоставување на парламентарната работа во целосна политичка смисла, исто така овозможува и почнување на активностите на Мешовитиот парламентарен комитет, па првите состаноци треба да се одржат подоцна есенва, вели Петерле.

ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието
ЕУ го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската унија преку Европската комисија, вчера го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието.

Како што пренесе МИА, официјален Брисел, покрај тоа што го поздравил враќањето на опозицијата во Собранието, исто така, испратил порака дека многу одблиску го следи развојот на настаните и очекува прогрес во однос на изборот на Специјалниот обвинител, чиј краен рок е за две недели.

Ние го поздравуваме фактот дека опозиција сега е вратена во парламентот. Знаете дека ова е дел од договорот посредуван од Европската унија, што беше постигнат во јуни и јули оваа година. Многу е важно овој договор да се исплементира и ние сега очекуваме парламентот да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја, порача портпаролката на Еврокомиијата, Маја Коцијанчич.

По 15 месеци пауза пратениците се вратија во Собранието

Пратениците од опозицијата вчера се вратија во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Опозициjата, како што е најавено, ќе функционира во Парламентот како една пратеничка група.

Пратениците од СДСМ не учествуваа во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.