
Официјалното отварање на „Маркард“ ќе биде на 7-ми октомври. Компанијата е водечки производител во областа на електронски кола, прекинувачи, контролни и мегатронски уреди, како и електронски делови за врвни автомобилски брендови.
Германската странска инвестиција „Маркард“ која што гради своја фабрика во индустриската зона Караслари во Велес своето официјално отворање ќе го има на 7-ми октомври оваа година, најави градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев во своето гостување на телевизијата К1.
Официјалното отварање на „Маркард“ ќе биде на 7-ми октомври, веќе официјалните контакти и со претставниците и со господинот „Маркард“, преку мојата канцеларија завршија. Тоа ќе биде некаде околу 12 часот односно пуштањето на фабриката, изјави Чадиев.
„Маркард“ е компанија која има производствени капацитети во десетина земји. Таа е водечки производител во областа на електронски кола, прекинувачи, контролни и мегатронски уреди, како и електронски делови за врвни автомобилски брендови.
Во компанијата има околу 6.000 вработени, а во минатата година имала обрт од 650 милиони евра.