
Словенецот Зоран Мартич ја оправда довербата на управата намакедонскиот шампион МЗТ Скопје. Добрите резултати во последно време му донесоа продолжување на договорот со „металците” и за следната сезона. По победите над Мега Визура и Партизан, Мартич го одбрани и Купот на Македонија што беше доволна причина за преговорите да се интензивираат, па веќе и официјално да биде потпишан договорот.
„МЗТ Скопје Аеродром информира дека на обострано задоволство е договорена соработка со досегашниот тренер Зоран Мартич и за наредната натпреварувачка сезона. Мартич дојде во македонскиот кошаркарски шампион на почетокот на декември минатата година и со тимот на МЗТ Скопје Аеродром оствари скор од 5 победи и 4 порази во АБА лигата, а го одбрани и трофејот во Купот на Македонија кој се одржа во Охрид“ се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „металците“.