Првиот човек на СДСМ Зоран Заев и партискиот портпарол Петре Шилегов деновиве имале тајна средба со струмички бизнисмен кој е еден од тајните спонзори на Заев.
Според информациите до кои дојде Нетпрес, Заев на бизнисменот , кој ги носел на вечера струмичкиот градоначалник и портпаролот на партијата, му се пожалил за се поизвесниот неуспех на СДСМ на изборите во април.
Ги губиме изборите и мора да направиме голем проблем за да се одложат и тука да ја бараме шансата, му рекол Заев на бизнисменот.
Според анкетите што деновиве беа објавени во јавноста како онаа на Брима Галуп и Институтот за политички истражувања од Скопје ВМРО – ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ.
Настрана од ова, и интерните анкети на СДСМ покажуваат катастрофални резултати за опозицијата на следните избори, па така станува се поочигледна нивната намера да се избегнат изборите во април, а со тоа да се избегне и катастрофалниот пораз.
Оттука, сосема се јасни обидите за минирање на процесот на преговори за Договорот од Пржино. СДСМ и Заев ги ставаат на коцка интересите на државата за сметка на нивните партиски интереси, со цел да се спасат од избори и да го избегнат поразот.
Груевски: Во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба
Од друга страна, премиерот Никола Груевски во синоќешното обраќање по повод Денот на Револуционерната борба – 23-ти Октомври потенцира дека на изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.
Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого, рече македонскиот премиер.
Тој порача дека на тие избори граѓаните треба во фер услови и слободоумно да решат за својата иднина.