Кандидат од владејачката партија за локалните избори што ќе се одржат на 30 март, бил убиен во вчера вечер во вооружен напад во една истанбулска населба, пренесе „АФП“.
Нападот е извршен пред канцеларијата на Партијата на правдата и развојот во квартот Бејликдјузју, што се наоѓа во европскиот дел на градот.
Жртвата е кандидат за општински советник за регионот. Мажот бил застрелан од непознат напаѓач.
Малку подоцна е уапсен еден осомничен.