Меѓунардониот брз воз на релација Софија-Солун, денеска беше принудно запрен на железничката станица во Благоеград, по добиената анонимна закана дека во него е поставена експлозивна направа.
Како што јави МИА, повикувајќи се на БТА, по добиената закана возот бил запрен во Благоевград и согласно безбедносните процедури сите 60-тина патници биле принудени да ги напуштат вагоните.
Прес-службата на „Холдингот Буграски државни железници“ соопшти дека по извршениот претрес од страна на специјализираните служби, возот го продолжил патувањето со 51 минута задоцнување.
Пред заминувањето на возот, од композицијата бил откачен последниот вагон, кој останал на железничката станица во Благоевград.