Докторите од Клиничката болница во Битола, со свој потпис, денеска ја поддржаа Повелбата на Министерството за здравство, на Лекарската комора и на Македонското лекарско друштво, за заштита и унапредување на лекарската дејност, дигнитетот и интегритетот на докторот како личност и професионалец, а преку тоа и обезбедување на квалитетна здравствена услуга.
Целта е да се зачува дигнитетот и на пациентот и на докторот, со цел, да се обезбеди побезбедна здравствена услуга, без разлика на верска или друга основа. Меѓутоа, досега имаше закон само за пациентите, а сега има иницијатива и задокторите- рече д-р Василие Најдовски, директор на Клиничката болница во Битола.
Инсинуациите дека денешната иницијатива на лекарите се врши под притисок, директорот ги отфрли како неосновани.
Никој од овие колеги, ви го покажавме списокот, не ги присили да го потпишат, туку секој поединечно ја прочита Повелбата и секој поединечно одлучи, а многу мина од нив, овој закон го бараа со години наназат- рече првиот човек на Клиничката болница во Битола.
Во Клиничката болница, беше речено на денешниот прес, обезбедувањето се врши според пропишани услови во тендерска процедура, а се води евиденција за сите поплаки од пациенти и лекари, кои што, во последните три години имаат надолен тренд.