Бугарската ИТ компанијата „Мусала софт“ денеска ќе ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.
Одлуката ќе ја објават вицепремиерот Владимир Пешевски, заменикот директор на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шеќеровски и претседателот на бугарската ИТ компанија Мусала Софт, Елена Маринова, на прес-конференција во Владата на Република Македонија.
Инвестицијата ја најави премиерот Никола Груевски во обраќањето на свеченоста по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.
„Мусала софт“ регистрирала компанија во Скопје, има изнајмено простории и започнала со вработувње на висококвалификуван кадар.