СВР Битола поднесе кривични пријави против Н.А.(28) од Битола заради постоење на основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прокусори“, „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и две кривични дела „тешки кражби“.
Пријавениот во својот дом неовластено држел, продавал и овозможувал употреба на наркотична дрога хероин. При извршен претрес во домот на пријавениот пронајдени се 15 најлонски паковки со непозната материја , за кои по извршеното вештачење е утврдено дека претставува хероин (1,72 грама). На 11.02.2014 година пријавениот извршил две тешки кражби од ПМВ при што одзел акумулаторот и ЦД марка „Филипс“.