СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (39) од Тетово за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2013 година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист довел во заблуда две лица со лажно ветување дека ќе им помогне при ослободување од затвор од Германија на нивниот татко и сопруг, за што истите му дале златен накит во вредност од 12.000 евра.