Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.
На почеток на состанокот вицеремиерот Бесими изрази задоволство од препораките содржани во Резолуцијата на Европскиот парламент, а кои се однесуваат на одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори , започнување на процесот на скрининг, како и оценката Македонија претставува функционална пазарна економија.
Бесими ја истакна важноста од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, како механизам за оддржување на моментумот на реформскиот процес и информираше за намерите на Владата во наредниот период да се фокусира на неколку клучни приоритети од ПДВН.
Истото беше поздравено од страна на г-динот Ховит кој наведе дека од огромна важност е во наредниот период да се покаже вистински напредок во неколку клучни области, како што е слободата на изразување, деблокирање на работата на Работната група на Собранието на Република Македонија, спроведувањето на фер и демократски избори итн.
Европратеникот Ховит се осврна и на важноста од обезбедување на инклузивност на процесот, особено во однос на учеството на невладиниот сектор и Собранието.