Не се поставува нова жичана ограда на македонско-грчката граница. Се работи за барикада која е поставена од почетокот на мигрантската криза кај прифатниот центар во Гевгелија за канализирање на протокот на мигрантите, изјави за МИА порпаролот на АРМ, полковник Тони Јаневски.
Сепак, како што информира Јаневски, се работи на расчистување на теренот за евентуално поставување такво ограничување кое би било во случај на крајна нужда, а во согласност со донесените заклучоци на Советот за безбедност на РМ одржан на 14. ноември, а во врска со потребните мерки во случај на можни ограничувањата на проток на мигранти.
АРМ и Управувачкиот комитет…