УМС на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на владините проекти – бесплатен викенд за млади лица до 27 години корисници на железничкиот сообраќај, бесплатен четврток за студенти корисници на железничкиот сообраќај и 50 проценти попуст за студенти и средношколци.
Унијата на млади сили ги поддржува проектите „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“,„Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“ и проектот „50% попуст за ученици и студенти“. Сите 3 проекти се од областа на железничкиот сообраќај и превоз за младите, а на наше огромно задоволство резултатите од проектите се импресионирачки и со тенденција на раст на користење на истите мерки. Мерката „Бесплатен викенд за млади лица до 27 години за превоз во железнички сообраќај“ од воведувањето од јули 2014 па се до септември 2015 година според последните податоци, ја имаат искористено 44926 лица до 27 години или во просек околу 3000 лица месечно, изјави Орце Ѓорѓиевски, пратседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кисела Вода и потпретседател на УМС.
Ѓорѓиевски нагласи дека мерката „Бесплатен четврток за студенти во железнички патнички сообраќај“ од јули 2014 до септември 2015 година ја имаат искористено 45733 лица или во просек 3050 лица месечно.
Мерката „50% попуст за ученици и студенти“ која значи попуст од 50% за сите ученици и студенти до 27 години кои патуваат со воз, од јули 2014 до септември 2015 ја имаат искористено 61990 млади лица или во просек над 4100 лица месечно. Би сакале да споменеме дека со овие мерки во рокот од воведувањето на мерките јули 2014 до септември 2015 година, младите кои ги користат овие мерки имаат заштедено над 61 милион денари. За успешноста на овие мерки говорат бројките и статистиките, а тоа е уште еден показател за посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ во насока на имплементирање на проекти кои што се од огромно значење за младите лица, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека Унијата на млади сили секогаш ќе ги поддржува иницијативите за воведување на вакви проекти и мерки кои значително им олеснуваат на младите, а исто ги охрабрува сите млади да се приклучат кон УМС и заеднички да ја градиме иднината на нашата држава проследена преку вакви мерки и проекти.