ЕБОР со програма за жени бизнисменки

Програмата за жени во бизнис наменета за финансирање на претпријатија раководени од жени денеска во Скопје ќе биде претставена од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Охридска банка, која е дел од Групацијата „Сосиете Женерал“.

Кредитната линија во висина од 3 милиони евра од ЕБОР, кои ќе се користат преку Охридска банка, има за цел да го поттикне учеството на жените во економијата.

Програмата треба да им помогне на претпријатијата раководени од жени да обезбедат финансиски средства и практично знаење за да го развијат својот бизнис.

На презентацијата на програмата најавено е учество на вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, шефот на Канцеаларијата на ЕБОР, Анка Јонеску, на директорката на секторот Корпоративно и инвестициско банкарство на Охридска банка, Нина Неданоска, како и на кординаторката за економска и трговска соработка во амбасадата на Шведска, Билјана Џартова – Петровска.