Сопругот на Северина, Игор Којиќ (28) пред свадбата со хрватската поп-ѕвезда имал бурен љубовен живот, а српските медиуми пренесуваат дека наводно се гледал со транссексуалката познат под името Наташа Маза.
Тие двајцата се гледаа повеќе пати и седеа во заедничко друштво, но нивната средба во студиото на една српска телевизија каде што Игор се појавил со својот татко, била пресудна. Кеба по тоа гостување отишол дома, а Наташа и Игор во блиското кафуле, каде испиле по еден пијалак и си ги размениле броевите на телефоните. Неколку дена подоцна заедно отишле на вечера, а потоа во еден апартман во близина на Калемегдан. Нивните средби се сведувале на вечера, па одење во хостел или договорот бил да се најдат директоно во апартманот, изјавил извор за српски „Ало“.
Истиот извор наводно открил дека Игор и Наташа не планирале нивниот однос да прерасне во врска, бидејќи Игор веќе ја започнал врската со Северина, а Наташа била во брак.
Пејачката Наташа Маза не криела дека е родена како маж, но по неколку операции станала жена.