Вечерва температурите ќе се спуштат до минус 11 степени

Температури до минус 11 степени не очекуваат во текот на новогодишната ноќ. Како што информира УХМР времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер.

За новогодишната ноќ со температури до -11 степени

Вечер на пречекот на Новата година времето ќе биде ведро и доста студено со температура која ќе се спушти до минус 11 степени.

Минималната температурата ќе биде во интервал од минус осум до еден, а максималната  од минус два до пет степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура минус 4, а дневната ќе достигне до три степени.

Од недела врнежи од дожд и снег

Утре ќе преовладува сончево и студено време. Во сабота облачноста ќе се зголемува и температурите ќе започнат благо да се покачуваат. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на повисоките од снег, со променлив интензитет.