Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека Европа е ранлива во бегалската криза и дека сеуште не може да се контролира ситуацијата онака како што треба.
Сега одеднаш се соочуваме со предизвикот дека бегалците доаѓаат во Европа, а ние сме ранливи како што се гледа, бидејќи немаме контрола каква што би сакале, кажала Меркел .
Таа исто така кажала дека еврото и слободата на движење во Европа се во директна врска.
Германската јавност е во шок по нападите врз жени на Новогодишната ноќ, главно од мажи од северна Африка.
Германската канцеларка викендов ги поддржа заострените мерки за депортирање на бегалци кои направиле кривични дела и истакна дека дури и оние кои добиле условна казна треба да ја напуштат Германија.