Анкетната комисија за аферата со фабриката за фалсификувани лични карти денеска ја одржа првата седница на која беше изгласан Деловникот за работа. Пратениците од опозијата, како што најавија, не учествуваат во нејзината работа, пренесува МИА.
Пред усвојувањето на Декловникот, претседателот на Анкетната комисија, Илија Димовски истакна дека тој е суштински идентичен со Деловникот за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и оти се остава простор и пратениците од опозицијата да се приклучат во нејзината работа.
До понеделник пратениците членови на Анкетната до претседателот треба да достават предлог листа на сведоци кои би сведочеле, како и предлог за посета на институции од каде би можеле да се добијат информации за фалсификувањето лични карти односно за случајот „Фабрика за лични карти“.